Информации
Со Одлука на Министерот за здравство бр. 09-4795/38 од 20.06.2013 година се определува Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, за спроведување на практичниот дел на специјализација од областа на Кардиологија и Интерна медицина.
По наше барање бр. 03-832/1 од 21.10.2015 година, кое се однесува на обавување на турнуси по специјалноста Интерна медицина и Кардиологија во нашата установа од страна на Медицински факултет - Скопје, со допис бр. 0903-4911/4 од 27.01.2016 година, информирани сме дека по направена консултација со Катедрата по Интена медицина и ЈЗУ УК за кардиологија, специјализантите може да ги обавуваат следните вештини во нашата установа:
- Електрокардиограми,
- Тест на оптеретување,
- Ехо доплер - базична ехокардиографија,
- Коронарографија и ангиографиоја, и
- Имлантација на привремени пејсмејкери.
Со договор за уредување на меѓусебните права и обврски склучен помеѓу нашата установа и Медицински факултет - Скопје бр. 0903-807/3 од 29.02.2016 година, се уредуваат меѓусебните права и обврски на факултетот и здравствената установа во однос на спроведувањето на практичниот дел од плановите и програмите за специјализации, односно супспецијализации, како и начинот на плаќање на надоместокот за спроведената практична обука, односно совладување на одделните вештини од планот и програмата за специјализациите и супспецијализациите, која специјализантите односно супспецијализантите ја спровеле во здравствената установа.
Со допис - Достава на нова поименична листа на овластени здравствени работници - едукатори бр. 03-668 од 26.08.2020 година, во спроведувањето на практичниот дел од плановите и програмите за специјализации, односно супспецијализации, како едукатори се определени четири доктори на медицина специјалисти интернисти, супспецијалисти кардиолози од кои едене доктор на медицински науки по клиничка медицина од областа на кардиологијата и еден е магистер на медицински науки.
Во Специјализираната болница е сместен Регионален медицински симулациски центар каде се врши едукација на лекари од регионот за основно одржување во живот и напреднато одржување во живот. Едукаторите во регионалниот медицински симулациски центар се од редот на вработените доктори во установата.
Адреса
+389-46-277-700 cardioohrid@t.mk