Биохемиска Лабораторија

Биохемиската лабораторија е оддел кој функционира во составот на болницата од пред 10 год. Својата работа ја отпочнува со оскудни анализи кои во тоа време се сведувале само на одредување на шеќер во крвта, уреа, маснотии и некои ензими. Нејзиниот развој станува поекспанзивен дури од крајот на 2001 год. после набавувањето на нова  апаратура и добивањето можнст за конечно остварување на идеите врзани за просперитет и развој на оваа дијагностичка дејност.
Денес, биохемиската лабораторија е опремена со врвна опрема на реномираните производители (Ортхо-Цлиницал Диагностицс, а Јохнсонамп;Јохнсон Цомпанѕ; Бецтон Дицкинсон; Хуман). Посебно внимание во работата на лабораторијата е контролата на квалитетот на целокупната работа - од моментот на примање на налогот, па с# до издавањето на резултатот. Сигурноста, точноста и репродуцибилноста на наодите е осигурана преку секојдневна внатрешна контрола на аналитичкиот дел на работата, додека преаналитичките и постаналитичките процеси - со посебни постапки на самоконтрола и верификација, до валидација.

Широката палета на општи и специфични анализи кои денес се работаат во Биохемиската Лабораторија, освен што е корисна за срцевите болни, наоѓа разновидна примена и во секојдневниот живот, бидејќи  овозможува  своевиден мониторинг на функцијата на виталните органи (анализи кои се наменети за сите кои се грижат за своето здравје, без оглед на тоа дали се болни, здрави, млади или стари ).

 Хематолошки и коагулациони анализи:
-    седиментација на Ер ;
-    крвна слика со леукоцитарна формула - 9 параметри: ( Хцт, Хб, МЦХЦ, ЊБЦ, Гр, % Гр, Лѕ+Мо, % Лѕ+Мо, Тр ) ;
-    а-ПТТ,
-    фибриноген.

Рутински биохемиски анализи:
1.    гликемија, деградациони продукти (уреа, креатинин, мокрачна киселина, тотален и директен билирубин), вкупни протеини, албумини
2.    липиден статус:
-    триглицериди, вкупен холестерол, ХДЛ, ЛДЛ, Апо А, Апо Б, Апо А/АпоБ, Лп-а
3.    Ензими:
-    АЛТ, АСТ, ЦК, ЦК-МБ, ЛДХ, алкална фосфатаза, ГГТ, Липаза, Амилаза
4.    Електролити и олигоелементи:
-    На+, К+, Цл-, ЦО2, ПХОС, Ца, Мг, серумско Фе, анјон гап

Имунолошки тестови:
-    ЦРП,
-    РФ,
-    АСО (антистрептолизин-тест)
-    ХбсАг,
-    Хеллицобацтер пѕлори

Анализа на урина (сцреенинг) :
       -  ПХ, Спец.тезина, Глуцоса, Протеини, Ле, Нитрити, Крв (Хб), Кетони, Уробилиноген, Билирубин.

Напомена:
-    за повеќето од овие анализи е неопходно земање на крв на празен желудник, односно “на гладно” – пред првиот оброк; се препорачува да се земе лесен оброк вечерта претходно. Додека, при контрола на липидниот статус, анализите ќе бидат валидни само после претходно гладување од 14-16 сати.
-    Резултатите се издаваат истиот ден.