Болничка аптека

Болничката аптека располага со  просторни услови, опрема и стручен кадар потребни за вршење на фармацевтска дејност врз основа на Упатството за начелата на добра фармацевтска пракса.

            Работата во Болничката аптека опфаќа активности според процедурите кои треба да се следат, поврзани со снабдувањето со лекови и медицински материјали со проверен квалитет, нивно правилно чување, обезбедување на квалитет, соодветно документирање, издавање на одделите според потребите на пациентите, одвојување и отстранување на неупотребени лекови и фармацевтски отпад, како и други активности во врска со постигнување на здравствените цели на болницата.

         Во  овој контекст во Болничката аптека се вршат следните професионални активности:

- Изготвување на годишен план за потреби од лекови и медицински материјали,

- Изготвување на технички спецификации за потребите од јавни набавки на лекови и медицински материјали,

- Изготвување на писмена нарачка за потребите од лекови и медицински материјали за пациентите, до добавувачите според претходно потпишани договори помеѓу болницата и добавувачот,

- Прием на лекови и медицински материјали од добавувачи и нивна соодветна проверка и евидентирање

- Складирање на лекови и медицински материјали и следење на нивниот  квалитет,

- Издавање на лекови и медицински материјали до одделите, според нивна претходно писмено барање инивно евидентирање,

- Координирање на работата на Болничката аптека со другите оддели и следење на движењето на лековите и медицинските материјали со цел квалитетна и рационална потрошувачка,

- Координирање со фармацевтските претставништва и добавувачи за нови информации во врска со лековите и медицинските материјали како и решавање на тековни проблеми во врска со истите,

- Координирање со одделите во врска со нарачки, организирање на транспорт на лекови и медицински материјали,

- Дополнителни активности за специфични набавки при непредвидени ситуации, ненавремена испорака или дефицит на соодветните лекови или материјали на пазарот,

- Координирање на работата на прирачните аптеки на одделите во врска со чување, подготвување и оптимизација на терапијата и правилна клиничка употреба на лековите и медицинските материјали,

- Обезбедување на информации за лекови и терапии за потребите на Болничката аптека и другите оддели,

- Евидентирање и следење на несакани дејства од лекови -фармаковигиланца и медицински материјали - материовигиланца,

 -Учество во здравствени стручни тимови со цел промоцијата на доброто здравје, превенирање на болести и постигнување на одредени здравствените цели,

- Соработка со другите здравствени работници, посебно со лекарите, за превземање мерки за минимализација на ризиците при лекување на пациентите, за предвидување на несакани настани, предвидување на неподносливост на лекови, синергизам  или антагонизам на лековите и за воведување на нови лекови,

- Стручниот кадар кој работи во Болничката аптека учествува и во донесување на предлози за развој и унапредување на работата во Болничка аптека и на одделите согласно современите развојни трендови и следења на пазарот.

 

Сите оддели се опремени со соодветната техничка опрема и ги задоволуваат хигиенските норми на високо ниво.