Кабинет за Аритмии

KАБИНЕТ ЗА АРИТМИИ

    Кабинетот за аритмии отпочна со работа во Заводот од 1998 година.Основната дејност на кабинетот е практична примена на 24 часовно амбулантно електрокардиографско мониторирање (AEM) или Holter EKG мониторинг.
Дефиниција-AEM (Holter EKG – мониторинг) се употребува во клиничката пракса за детекција (откривање), документирање и опишување воглавно на настанатата абнормална срцева електрична активност. Примената на АЕМ  е опрвдана од фактот  што абнормалностите во електричната активност  на срцето можат да настанат  во текот на спиење, при ментални, емоционални  и со напор индуцирани промени на миокардната оксигенација (исхрана на срцевиот мускул) што бара EKG регистрирање во тек на подолг временски период.
    Во кабинетот се применува континуиран тип на регистрирање  вообичаено 24 - 48 часа)


ОПРЕМА

АЕМ  се изведува со користење на :
-    24 - 48 часовни двоканални или троканални апарати (рекордери) со касети или дискети и
-    соодветен компјутерски анализатор
Кабинетот располага со три двоканални рекордери SPASE LABS  и три троканални рекордери со дискети БУРДИЦК и еден компјутерски анализатор SPASE LABS / BURDICK.
    Пациентите во текот на 24 часовното мониторирање пополнуваат дневник каде ги забележуваат  пристапите на градна болка или еквивалент симптомите , политации и други видови на симптоми со нотирање на времето на појавата, евентуалните провокативни фактори и траењето на симптомите.
Снимените податоци од 24 - 48 часовен АЕМ компјутерски се обрабтуваат  преку посебни програми, а потоа и визуелно се анализираат  од страна на лекар со цел да се направи корекција на лажно позитивните и лажно негативните наоди.
    Во кабинетот работи лекар специјалист интернист и субцпецијалист кардиолог  како и обучен медицински техничар.
    Со АЕМ  се обезбедува анализа на мултипли  параметри на срцевата електрична активност:
-    анализа на пореметувањето на срцевиот ритам (аритмии)
-    анализа на ST – сегмент промените
-    проценка на HRV
Анализата на аритмиите опфаќаат:
-    квантификување на аритмиите
-    воспоставувањето на врската помеѓу пореметувањето во ритамот и симптомите евидентирани во дневникот на пациентот.
Холтер мониторингот е значаен во откривањето на потенцијално озбилни и комплексни аритмии при различни срцеви заболувања:
-    хипертрофија на левата комора од различна етиологија
-    пролапс на митрална валвула
-    состојба после прележан срцев инфаркт
-    состојби кои се пратени со пореметување во спроведувањето (сите врсти на блокови на срцето кои се пратени со симптоми или без симптоми)
-    синкопа
-    валвуларни срцеви болести
После анализата се дава следната проценка:
    -проценка на сиптомите кои се должат од некој тип на аритмија.
    -проценка на ризикот од аритмии
    -проценка на ефикасноста на антиаритмичката терапија
    -проценка на функцијата на пејс-мејкерот  и имплантираниот     кардиовертер дефибрилатор.
-    мониторинг на миокардна исхемија
Во анализата на ST сегмент промените покрај симптоматската која е поврзана со одредени субјективни потешкотии кај пациентот големо значење има и асимптоматската (SILENT) исхемија која се појавува  во отсуство на било какви симптоми.
Со анализата се одредуваат:
    -вкупен број на асимптоматски и сиптоматски исхемични епизоди,
    -времетрањето на исхемичните епизоди
    -срцевата фреквенција во тек на асимптоматските епизоди.
    -тип на ST сегмент депресија
временските периоди кога се појавува 0 - 6; 6 - 12; 12 - 18; 18 - 24 и времетраење
    -ST сегмен елевација која најчесто е поврзана со одредени симптоми кај пациентот
    -пореметување во ритами

ПРОЦЕНКА НА HRV

Со HRV се добиваат прогностички информации за ризик стратификацијата на пациенти за следни вентрикуларни аритмии или други срцеви настани кои можат да имаат фатален исход.