Оддел за физикална медицина и рехабилитација
Одделот има просторни услови и медицински кадар за вршење на високо специјализирана здравствена дејност (специјализирана кардијална рехабилитација, специјалистичко консултативна и болничка дејност).
На Одделот се лекуваат пациенти со кардиоваскуларни заболувања за кои согласно правилникот на ФЗО на РМ е предвидена стационарна рехабилитација, а се лекуваат и амбулантни пациенти со различни коскенозглобни и невролошки состојби кои се упатени за физијатриски третман.
Дијагностичката и терапевтската дејност се спроведува преку стандардизирани постапки (процедури) со кои се реализираат рехабилитациските протроколи и протоколите за специјалистички физијатриски и интернистички третман на стационарните и амбулантни пациенти кои се лекуваат на одделот:
- Проценка на ризик при физички тренинг преку телеметриски мониториран лесен до умерен физички тренинг,
- Одредување на видот, интензитетот и времетраењето на физичкиот тренинг за секој пациент индивидуално врз основа на предходно направена функционална проценка и ризик стратификација.
- Спроведување на редовен физички тренинг мониториран од страна наобучен медицински персонал,
- Спроведување на едукација на пациентите во насока на секундарна превенција преку групни едукативни предавања кои се одржуваат на регуларна основа,
- Психолошка проценка и психолошки интервенции од страна на психолог,
- Физијатриски прегледи кај пациенти кои имаат пропратни мускулоскелетни или невролошки состојби кои се одразуваат на процесот на кардиорехабилитација и одредување медикаментена или физикална терапија,
- Спроведување на физикални процедури: термотерапија, електротерапија, сонотерапија, мегнетотерапија, ласеротерапија и индивидулани кинезитерапевтски процедури,
- Физикални процедури за пациентите во Оддел за интензивна нега и болничко лекување во насока на превенција на компликации од имобилност, рана мобилизација, вежби за дишење и постапки за олеснување на исфрлањето на белодробен секрет (постурална дренажа и перкусија).
Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.
Адреса
+389-46-277-700 cardioohrid@t.mk