Оддел за функционална проценка на миокардот
Одделот има просторни услови и медицински кадарза вршење на високо специјализирана здравствена дејност како специјалистичко-субспецијалистички дијагностички постапки за проценка на функционалниот капацитет.
Се дијагностицираат и проценуваат пациенти кај кои се спроведува стационарна кардијална рејхабилитација како и амбулантни пациенти со различни кардиоваскуларни и интернистички состојби кај кои е индицирана потреба од функционална проценка на кардиопулмоналниот капацитет:
- Дијагностички тест на оптоварување на ерговелосипед (се спроведува по протокол за дијагноза на атериска коронарна болест) како кај стационарни така и кај амбулантни пациенти,
- Тест на оптоварување на Ерговелосипед за функционална проценка(индивидуализиран степ протокол) на пациенти на стационарна рехабилитација и амбулантни пациенти,
- Спирометрија - за детекција на пулмонални состојби кои го афектираат функционалниот капацитет на пациентот,
- 6Минутен тест на одење – за функционална проценка на пациенти кај кои од различни причини не е возможен тестот на ерговелосипед,
- 6 Минутен тест на одење за одредување на клаудикациска дистанца на пациенти со периферна артериска болест со интермитентни клаудикации.
Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.
Адреса
+389-46-277-700 cardioohrid@t.mk