Оддел за интензивна нега и болничко лекување
Одделението располага со простор, опрема и професионален медицински кадар за извршување на специјалистичко-супспецијалистички здравствени услуги од област на кардиоваскуларна патологија.
Одделението за интензивна нега и болничко лекување располага со 8(осум) места за интензивно лекување на најкомплексни случаи со примарна кардиоваскуларна патологија и 16(шестнаесет) места за болничко лекување-полуинтензивна нега, и е опремено со софистицирана опрема за реанимација и терапија во склад со светските стандарди и протоколи.
Дијагностички и тераписки дејности кои ги врши одделението за интензивна нега и болничко лекување се:
- неинвазивен хемодинамски мониторинг-24 часовен ЕKG мониторинг, TA,
SpO2,
- пласирање на централен венски катетер преку v.jugularis, v.subclavia,
v.femoralis, v.cubitalis,
- инвазивен хемодинамски мониторинг –артериска линија и континуирано
мерење на артериски притисок,
- пласирање на Swan ganz катетер и мерење на PWP, CO,
- оксигенотерапија и кислородна поддршка,
- неинвазивна механичка вентилација - CPAP на маска,
- инвазивна механичка вентилација,
- хамодинамска поддршка со инотропна стимулација,
- хемодинамска механичка поддршка со IABP,
- плеурална и перикардна пункција и дренажа,
- поставување индикација за оперативен третман кај коронарна артериска
болест и проценка на предоперативен ризик,
- поставување индикација за оперативен третман кај валвуларни мани и
проценка на предоперативен ризик,
- болничко лекување на пациенти со компликации после кардиохируршки
операции
- дијагностика и третман на длабоки венски тромбози,
- дијагностика и третман на пулмонална тромбемболија,
- фибринолиза
- следење,купирање и пријавување на несакани ефекти од аплицираните
лекови,
- спроведување на 24 часовен хоспитален надзор и следење на сите
тераписки процедури и компликации поврзани со нив,
- брза и точна гасна анализа вклучувајќи и хематокрит,електролити,глукоза
и CO оксиметрија на артериска крв,
- проценка,консултација,договор и транспорт на пациенти во други
медицински установи од секундарно или терциерно ниво.
Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.
Адреса
+389-46-277-700 cardioohrid@t.mk