Доктори од Заводот за кардиоваскуларни заболувања во сабота ќе вршат бесплатни прегледи

30 септ. 2017
srce1.jpg

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања-Охрид, со низа активности и оваа година ќе го одбележи Светскиот ден на срцето, 29-ти септември. Под мотото „Сподели ја моќта на срцето“ во сабота, 30-ти септември, на Градскиот плоштад, заедно со Црвен крст-Охрид, од 10 до 13 часот, доктори од ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања, за сите заинтересирани граѓани ќе вршат бесплатни прегледи. Граѓаните ќе имаат можност од докторите да ги добијат потребните совети  и  консултации во врска со срцевите болести, ризик факторите кои влијаат врз срцевите заболувања и препораки за здравата исхрана.

Поаѓајќи од фактите дека, Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причини заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход.Во рамките на незаразните болести кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион.Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести,срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат.

Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот.