Едукативен настан за нови, современи методи во третман на хронична венска инсуфиенција во организација на Medtronic
27 окт. 2022
Во текот на вчерашниот ден во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања –Охрид, се одржа едукативен настан за нови, современи методи во третман на хронична венска инсуфиенција во организација на Medtronic.
На настанот присуствуваа лекари од повеќе здравствени институции од државата. Нашата установа е единствена јавна здравствена институција која 11 години во континуитет работи редовен програм со ендоваскуларните процедури на варикозни вени со радифрефреквентна аблација, а програмот од скоро е збогатен со нетермална ендоваскуларна процедура – Vena Seal – едно од поновите решенија во третманот.
Др Никола Бакрачески како официјален едукатор на “Medtronic,, во тандем со др Марија Зимбова и останатите членови на тимот кој работи на одделот за RFAV во нашата институција низ теоретски интерактивни предавања и низ систематизиран програм на совладување на практични вештини кај претходно селектирани пациенти, на кои им беа изведувани и двете техники преку кои ги пренесе сите важни аспекти на оваа метода.
Голема чест и задоволство беше и посетата на министерот за здравство др Беким Сали, кој го поздрави овој настан ставајќи акцент на важноста на едукацијата и промоцијата на нови ефикасни методи ви третманот на RFAV.