IN MEMORIAM Др. Илија Пранговски

07 мај 2018

Some descriptionIN MEMORIAM

Деновиве навршуваат 5 години од  смртта на Др. Илија Пранговски, интернист и кардиолог кој целиот свој професионален ангажман го вгради во нашата Установа. Од нејзиното основање, па се до последниот ден на својот прерано завршен живот, беше вистинска движечка сила на патот кој за оваа установа значеше постојан раст, кон од самите почетоци зацртаната цел – да станеме и останеме лидери во областа на кардиологијата во регионот и едни од водечките во државата. Несебично и самопожртвувано, низ својата секојдневна клиничка пракса, низ процесот на градење на  проактивен и амбициозен тим во Установата и  низ својот општествен ангажман на високи позиции во државата даде огромен придонес во градењето на Установата. Непосреден,енергичен, амбициозен и  истовремено секогаш спремен за колегијален разговор,  стручна дебата  и да даде поддршка на секој на кој му е потребна, Др. Пранговски остави неизбришлива трага и во работата на Здружението на лекари на Охрид, особено за време на своите два мандати како негов претседател.

Останува да ни биде инспирација и на патот кој го одиме без него.

Нека му е вечна слава!