Книга Menagement of Complex Cardiovascular Problems
На почетокот од оваа година во издание на престижната издавачка куќа Blackwell Publishing од печат излезе книгата Menagement of Complex Cardiovascular Problems во уредништво на Dr.Tach Nguyen. За многу краток период истата се најде на листата на бестселери од областа на стручната литература на полето на кардиологијата. На списокот на автори на книгата се во моментот најпознатите имиња на светската кардиологија:
Moo-Hyun Kim,
Eugene Braunwald,
Thomas Bump,
Nguyen Bao Cong,
Heidi Connolly,
Bikash Agarwal,
Dao Duy An,
Nikola Bakraceski,
Tan Huay Cheem,
Sim Kui Chian,
Zhang Shuang Chuan,
Adolphus Anekwe,
Vijay Dave,
Thach Nguyen,
Dayi Hu,
Cindy Grines
Заедно со нив на истиот список се наоѓа и името на д-р Никола Бакрачески кој е автор на поглавието Хипотензија и кардиоген шок при акутен инфаркт на миокардот.
Огромна е честа и задоволството што доктор кој потекнува од нашата установа на овој начин на голема врата влегува во светот на модерната кардиолошка наука денес. Подетални информации за книгата на страните на Amazon и на страната Cardiotext на интернет.