Медицинскиот симулациски центар

17 јун. 2019

Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар.
Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите.
Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно одржување во живот. 
Во Европа годишно 700 000 луѓе страдаат од акутно затајување на работата на срцето,а во Македонија околу 5000 годишно . Само 5-10 % од пристигнатите пациенти во болниците преживуваат.
Важноста на Медицинскиот симулациски центар во овој регион очекуваме да го подобри квалитетот на медицински услуги како и свеста за потребата од постоење на еден ваков центар.

Image may contain: people sitting, bedroom and indoor

Image may contain: 19 people, people smiling, people standing and indoor

Image may contain: 14 people, people sitting, people standing, shoes and indoor

 

Image may contain: 3 people, table and indoorImage may contain: 6 people, people sitting and indoor