Успешната соработка на Кардиолошкиот центар со светски познати експерти продолжува
13 јун. 2018
Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје е домаќин на дводневна работилница под наслов „Периферни васкуларни интервенции“, што ќе се одржи денес и утре во просториите на Заводот за КВЗ.
На работилницата ќе се прикажуваат случаи во живо од катетеризационата лабораторија на охридскиот Кардиолошки центар, а главен оператор и одговорен едукатор ќе биде светски признатиот д-р Ралф Лангхоф од Берлин, Германија.