Во понеделник Заводот за кардиологија ќе блесне во црвено за Светскиот ден на срцето

28 септ. 2018

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, и оваа година се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на срцето (29.09.2018 г.), кој оваа година се одржува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”

Пораката се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред нас – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.

Оваа година под покровителство на Алкалоид АД Скопје, одбележувањето на Светскиот Ден на Срцето е на малку поинаков начин отколку претходните години. По повод Светскиот Ден на Срцето објектот на ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, во понеделник, од 19.30ч., ќе биде осветлен во црвена боја, а лекарскиот тим ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти.