Услуги

     Специјализираната болница спроведува болничка здравствена дејност,  специјалистичко-консултативна здравствена дејност и дејност за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, при штоврши здравствена заштита и систематски ги следи и проучува состојбите од областа на превенцијата, дијагностиката, лекувањето и рехабилитацијата на кардиоваскуларните заболувања, проучува методи и применува меркиза рано откривање на заболувањата, предлага и спроведува мерки за унапредување на здравствената заштита во областа на превенцијата, инвазивна и неинвазивна дијагностика, инвазивно и неинвазивно лекување, како и продолжено лекување и рехабилитација во кардиоваскуларната медицина, укажува стручно-методолошка помош, учествува во спроведувањето на стручно-медицинските доктринарни ставови од областа на превенцијата, инвазивна и неинвазивна дијагностика, инвазивно и неинвазивно лекување, како и продолжено лекување и рехабилитација во кардиоваскуларната медицина, спроведува оспособување на здравствени работници и соработници, како и спроведува болничка здравствена заштита во областа на инвазивно и неинвазивно лекување, како и продолжено лекување и рехабилитација во кардиоваскуларната медицина.

            Специјализираната болница врши дејност наинтензивна нега и терапија,  дејност на лабораториска медицина, и други дејности во обем кој е потребен за вршење на дијагностичка дејност, дејност на нега и терапевтска дејност во рамките на вршењето на болничката здравствена дејност, специјалистичко - консултативна здравствена дејности дејноста за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, како и обезбедување со лекови на болнички третираните пациенти.         

Специјализираната болница спроведува специјалистичко - консултативна здравствена заштита на секундарно ниво за видовите здравствена дејност за кои врши болничка здравствена дејност, која опфаќа:

          - амбулантски прегледи со упат од избраниот лекар или друг лекар специјалист

          - здравствени третмани кои се вршат на секундарно ниво и

          - дејност на дневна болница за одделени заболувања кога не е неопходно сместување во болницата

            Дијагностицирањето, лекувањето, сместувањето и рехабилитацијата на пациентите се врши согласно стручните упатства на медицина заснована на докази во стандардни болнички услови, со обезбедување на постојан специјалистички надзор, примање и згрижување на итни медицински случаи, според потребата обезбедување конзилијарна медицинска помош, со учество во спроведувањето на посебни програми за спречување, сузбивање и рано откривање на заболувањата и повредите, давање упатства за домашно лекување, со обезбедување на совети и здравствено воспитување за здрави стилови на живеење на пациентите, преку соработка и стручни упатства на избраните лекари за натамошниот третман на пациентите по завршено болничко лекување и со соработка со другите здравствени установи на секундарно ниво.